
Силна експлозија и пожар имало утрово во оранжериите на поранешната фабрика „Винојуг“ во Негорци, крај автопатот.
Реонот каде што се случила експлозијата е затворен, а причината за експлозијата засега не е позната.
Пожарот е ставен под контрола и во моментот на терен се наоѓаат екипи на противпожарната единица од Гевгелија и на Центарoт за управување на кризи.
Според непотврдени информации во пожарот се повредени три лица.