Заев призна дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка кај граѓаните

Опозицискиот лидер Зоран Заев при синоќешното гостување во емисијата „360“ степени која се емитува на Алсат-М телевизија призна дека според реjтинзите и анкетите ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ.

Првиот човек на опозицијата во емисијата на Алсат-М  призна дека премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДППМНЕ се со поголема поддршка меѓу граѓаните, односно дека Груевски високо опстојува на анкетите и неговата поддршка не опаѓала, пишува „Курир“.

-Груевски опстојува на анкетите високо. Да веќе сме исто, приближени, но прашањето е зошто не паѓаат, вели Заев во емисијата „360 степени“.

Ваквото признание кое доаѓа директно од опозицискиот лидер  покажува дека неговите таканаречени бомби и целото деструктивно сценариор со кое се држи во залошништво земјата е отфрлено од граѓание и не наидува на поддршка кај народот, а самиот Заев е свесен за тоа и сам вели дека довербата во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се намалува.

Познавачите коментираат дека токму ова е главната причина зошто Заев бега од избори, бидејќи и самиот е свесен дека ја нема поддршката од мнозинството на граѓаните и токму поради тоа оди на рушење на разговирте поставувајќи нереални барања кои во никој случај не би можеле да бидат прифатени, туркајќи ја државата кон уште поголема криза.

Експертите многу пати досега укажуваа дека  намерното уривање на разговорите значи свесно бегање на Заев од избори. Според нив, Заев не посакува решавање на политичата криза, бидејќи  ако истата се реши, опозицијата е свесна дека за неполна година ги очекува гласот на народот, каде што се сигурни дека ќе изгубат на тие вонредни парламентарни избори, што воедно се потврдува и со признанието на Заев искажано синоќа.

На ова предупреди и премиерот Никола Груевски во изјавата од Брисел, каде рече дека Заев ниту сакал да постигне договор, ниту пак дошло до тоа, затоа што лидерот на СДСМ не дошол да се договори, затоа што договорот ќе значи чист пат за предвремени избори на кои тој треба да се соочи со народот.

-Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско,  дека ќе го доживее најголемиот пораз СДСМ досега. Ни договор сака да постигне, ниту избори сака да има. Не само со Никола Груевски, треба со два милиони глас ачи на Македонија да се соочи. Не, тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаѓаат вака преговорите за да се одложат и изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Доаѓањето на нови инвеститори да се забави или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да почне да тоне економијата…И тој тука верува дека ќе го најде својот спас политички, рече Груевски.