Сомнителни сметки на ФИФА во швајцарски банки

Швајцарските банки го известиле државниот обвинител за сомнителни активности на сметките на ФИФА.

ФИФА е пред голема истрага поврзана за корупција и перење пари, поради што пред неколку дена уапсени се 14 лица во Цирих, во заедничка акција на швајцарската полиција и американската ФБИ.

Обвинителот Михаел Лобер рече дека извештаите не го исклучуваат Сеп Блатер од истрагата, а сржта на истрагата е доделувањето на организацијата на Мундијалите 2018 и 2022, на Русија односно Катар.

Банките укажале на 53 случаи на можно перење пари поврзани со одредувањето на земја домаќин на овие Светски првенства, а извештаите за сомнителни банкарски трансакции се добиени врз основа на прописите кои го санкционираат перењето на пари.