Лестер им подели откази на фудбалерите кои беа вмешани во скандал

Премиерлигашот Лестер им додели отказ на тројца свои фудбалери по објавувањето на видео снимка од оргии со девојки на Тајланд.

Откази добија Адам Смит, Том Хопер и синот на тренерот на Лестер, Најџел Пирсон, Џејмс.

Од клубот одлуката ја објаснија со пораката “Лестер останува посветен на испраќањето позитивни сигнали за вредности, еднаквост и семејство”.

Клубот се наоѓа на Тајланд на подготовки за новата сезона во Англиското фудбалско првенство.