
И покрај разделбата со Мајнц и најавата за крај на играчката кариера, нема крај на интересот од германските клубови за услугите на едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот фудбал, Николче Новески.
Новиот бундеслигаш Дармштад е сега најзагреан за ангажман на 36-годишниот Новески, најавувајќи активност во летниот преоден рок за доведување на македонскиот дефанзивец во своите редови. Дармштад е клуб кој е во блиски односи со Мајнц, поради што се верува дека Новески може да му помогне на тимот при настапите во елитното друштво во Германија следната сезона.