
Екипата на Макаби Тел Авив започна да гради тим за наредната сезона и го ангажира најдобриот стрелец во кошаркарската Евролига, Тејлор Рочести.
Американскиот кошаркар со црногорско потекло минатата сезона блескаше во редовите на Нижни и во Евролигата заврши како најдобар стрелец со во просек 18,9 поени по меч. Со израелскиот кошаркарски гигант кој е шесткратен европски шампион, Рочести потпиша двегодишен договор со можност за продолжување.
Во кариерата 29-годишниот плејмејкер настапуваше за Гетинген, Галатасарај, Алба, Ле ман, Каха Лаборал и Монтепаски.