
Православниот храм Св. Наум Чудотворец во Радишани, во кој почиваат последните два архиереи на МПЦ, г.г. Михаил и г.г. Гаврил се разубавува со забрзано темпо.

Покрај фрескоживописот на кој активно се работи, викендов беа монтирани два велелепни кристални лустери од македонска изработка.

Имено, централниот кристален полилеј е со гигантски пропорции од 3Х4 метри и е тежок над половина тон, а освен него е поставен и уште еден помал во олтарот.

Така, пред претстојниот празник на црквата на 3-ти јули, црквата доби прекрасно осветлување, а кога ќе дозволат приликите, треба да биде докомплетирано осветлувањето со уште 3 полилеи.
Присутните верници беа воодушевени од новите полилеи, и задоволни што нивниот храм во кој почиваат последните двајца архиепископи на МПЦ добива прекрасен лик.