Почина наследничката на Мајка Тереза

Почина наследничката на Мајка Тереза

Сестра Нирмала Јоши, која ја наследи Мајка Тереза во Мисионари на милосрдието и го прошири редот во прекуокеанските земји, почина денес на возраст од 80 години, јавува Ројтерс.

По смртта на Мајка Тереза во 1997 година, Нирмала успеа да ја прошири организацијата во 134 земји со отварање центри во Авганистан, Израел и Тајланд.

Таа отстапи од функцијата во 2009-тата поради влошена здравствена состојба.

Голем број политичари изразија сочуство и и одадоа почит. Премиерот на Индија, Нарендра Моди испрати твит со содржина:

„Животот на сестра Нирмала беше посветен на служење, на грижа за сиромашните и обесправените. Нејзината смрт не натажи.“