Благодарение на острото око, канадски фотограф фрли целосно нова светлина на физичката сличност помеѓу членовите на едно семејство.

Можеби на прв поглед не забележуате премногу физички сличности, но канадскиот фотограф и графички дизајнер Улрик Колет направи фасцинантен проект со којшто ја покажа моќта на генетиката помеѓу членовите на едно семејство.

Мајка и ќерка, татко и ќерка, брат и сестра, сестри близначки – со спојувањето на половини од нивните лица, тој создава нови личности, од кои некои изгледаат целосно нормално, а другите се далеку од тоа.

Улрик оваа серија фотографии ја нарекол „Портрети на генетиката“.
Погледнете го видеото и уверете се и сами дека од генетиката навистина неможе да се побегне!