
Францускиот сатиричен неделник кој стана уште попознат по терористичките напади од јануари „Шарли ебдо“ на насловната страница објави карикатура посветена на финансиката криза во Грција и актуелните случувања.

Како што пишува „Грик рипортер“, насловната страница на францускиот неделник се однесува на улогата на ММФ во целата ситуација.
„Спасете ја Европа … Удавете ги Грците“, е написот што се појавува на насловната страница.
Грчките медиуми ја пренесуваат насловната страница, при што наведуваат дека неделникот застанал на страната на Грција.