
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно го стартуваше ИТФ фјучерсот вреден 10.000 долари во Прокупље.
Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, во првото коло славеше против чешката тенисерка Вендула Зевинцова во два сета со 7:5, 6:0.
Ѓорческа, заедно со Александра Нанчаров од Австралија, како први носителки, веќе се пласираа и во четвртфиналето на турнирот во двојки откако во првото коло славеа против Словенките Ребершак/ Шипек со 6:0,6:0.