Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека на состанокот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград е постигнат напредок за сите прашања, пренесе МИА.

Могерини во соопштението по состанокот со српскиот премиер Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа, наведува дека било разговарано за прашања од областа на енергетиката, телекомуникациите, формирање Заедница на српски општини и слобода на движење на мостот во Косовска Митровица, пренесува Танјуг.
– Нашите тимови во следните часови ќе продолжат да работат по тие прашања и наскоро повторно, во следните неколку дена, ќе разговараме и финализираме договорите, изјави Могерини.