Твој ден за шопинг во „Капитол мол“ в петок

Твој ден за шопинг во „Капитол мол“ в петок

Капитол Мол уште еднаш одлучи пријатно да ги изненади своите посетители на 26 јуни 2015. Имено, за крај на одбележување на  месецот на потрошувачите, овој петок ги поканува сите да дојдат на шопинг со одлични попусти подготвени само за овој ден. Воедно за да биде забавата уште поголема овој петок за тоа ќе се погрижат артистите и изведувачите од Баскерфест Македонија.

Семејно оријентиран и уникатен во пристапот, „Капитол Мол“ одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел заедно со своите партнери во трговскиот креираше одлични попусти и сет на активности, игри, подароци,работилнци и многу забава во текот на целиот ден . Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да се забавуваат со изведувачите од Баскерфест. Обезбедени се специјални попусти за шопинг, а дел од изненадувањата се и специјалните намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.

Со својот пријатен амбиент, „Капитол Мол“ симболизираквалитетво трговијата на малои станазборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.

„Овој настан го реализираме како заокружување на активностите кои во преден план го имаат потрошувачот и за таа цел продавниците во Капитол мол обезбедија одлични попусти и акции за сите, во текот на целиот ден. Со овој настан го најавуваме почетокот на сезонските намалувања во Капитол мол и воедно ова е прилика потрошувачите да се подготват за летната сезона која веќе официјално е започната. Ги покануваме нашите соседи, лојалните посетители и пријатели во петок на 26 јуни 0215 во Капитол Мол да уживаат во шопингот со одлични попусти и во забавата заедно со Баскерфест“ – изјави Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на „Капитол Мол“.

„Капитол Мол“ и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да ги ослушнува  нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.