
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во поединечна конкуренција од ИТФ фјучерсот вреден 10.000 долари во Прокупље.
Во второто коло Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, славеше против аргентинската тенисерка Ана Викторија Гоби во два сета со 6:3,6:3.
Нашата тенисерка попладнево заедно со Австралијката Нанчаров ќе се бори за пласман во полуфиналето на турнирот во игра на двојки.