Во американските таблоиди како бомба одекна веста дека најпознатата двојка во Холивуд Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат,
Пит и Џоли се заедно 10 години, а порталот „Ин Тач“ наведува дека проблемите почнале од моментот кога се венчале, односно пред речиси една година.
– Бред е тој што сака се да се заврши. И рекол на Анџелина дека со нив е готово, дека е несреќен и дека сака да се разведат, вели изворот и додава дека крајот на бракот ќе биде официјално објавен до крајот на годината.

Соговорникот за магазинот вели дека познатата двојка чека да помине некое време поради промоцијата на нивниот заеднички филм „By the sea“ на чие снимање почнале да се расправаат.
Исто така, тој истакнал дека на Бред сега најмногу му сметаат оние карактеристики поради кои и на почетокот ја засакал Анџелина, а тоа е нејзината голема желба за контрола. Меѓутоа, тоа со текот на времето почнало многу да му пречи, а сепак одлучил да и излезе во пресрет во име на 10-те заеднички години и да ја испочитува неговата желба до крајот на годината заедно да се појавуваат во јавност.
– На Анџелина овој филм многу и значи. Таа го преколнуваше Бред да остане со неа се додека не завршат со промоциите и додека филмот не стане вистински хит, што тој неволно го прифатил, заклучува изворот.