
Спасувачките екипи денеска во џунглата во северозападниот дел на Колумбија пронајдоа преживеани мајка и бебе, кои од саботата се водат како исчезнати по уривање на авион.
Осумнаесет годишната Нели Муриљо и нејзиниот син Јудиер Морено, кој се уште нема една година, се пронајдени во близина на местото каде се урна авионот „цесна 303“, пренесува МИА.
– Тоа е вистинско чудо. Станува збор за огромна дивина, изјави командантот на колумбиските воздухопловни сили Хектор Караскал.
Мајката и детето, кои се здобиле само со полесни повреди, со хеликоптер биле пренесени во болница.
Пилотот на авионот Карлос Марио Кебалос загина во авионската несреќа, а причината за уривањето засега е непозната.