
Правосудните органи на Швајцарија денеска одлучија воениот командант на муслиманите во Сребреница, Насер Ориќ да го екстрадираат во Босна и Херцеговина, иако барање за екстрадиција поднесе и Србија, објави МИА.
Ориќ беше 14 денови во екстрадициски притвор. Поради безбедносни причини времето на екстрадицијата на Ориќ во БиХ не е објавена.
Швајцарскитре власти наведуваат дека Ориќ ќе биде екстрадиран во БиХ поради фактот дека делата за кои се товари ги направил во БиХ.
Ориќ е уапсен на 10 јуни во Швајцарија врз основа на потерница издадена во Србија. Потерницата во Србија по Ориќ е распишана во 2014 година под сомнение за воени злосторства над српското население во Сребреница во 1992 година.