
Во Брисел заврши состанокот меѓу премиерот Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, јавија грчките медиуми, пренесе МИА.
За време на средбата било разговарано за текот на преговорите меѓу Грција и кредиторите.
Ципрас ги информирал двајцата лидери за грчкиот предлог и истакна дека грчката страна не го разбира инсистирањето на институциите на толку остри мерки. Според дипломатски извори, преговорите ќе продолжат и по самитот на европските лидери.