
Едно лице почина откако во него удри автомобил во центарот на Куманово.
Несреќата се случи пред 22 часот на улицата „Гоце Делчев“ кога средовечниот маж ја преминувал улицата и во него удрил автомобил кој се движел од улицата кон булеварот „Трета МУБ“.
Екипата на Итната медицинска помош која веднаш пристигнала на местото на настанот констатирала смрт. Извршен е увид на местото на несреќата од страна на екипа од СВР Куманово и јавен обвинител.