
На местото на авионската несреќа во Индонезија пронајдени се 90 тела, а досега се идентификувани 23, соопшти полицијата, објави МИА.
Во авионот имало војници и нивните семејства, како и деца. Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата и во текот на ноќта. Местото на несреќата е осветлено со големи рефлектори.
Во авионот на индонезиските военовоздухопловни сили, што денеска се урна во Суматра, имало 113 луѓе. Во авионот „Херкулес Ц-130“ имало 101 патници и 12 членови на екипажот, кога се урнал и експлодирал во населеното подрачје на градот Медан.
Авионот се урнал врз новоизграден станбен кварт неколку часови по полетувањето и не се знае колку луѓе имало во зградите во моментот на несреќата.