
Леш на мистериозно животно е исфрлено на брегот на Тихиот океан на островот Сахалин.
Лешот на мистериозното чудовиште го пронашле рибари.
Веднаш забележале дека суштеството нема перки и оти има крзно на опашката и нешто што наликува на канџи, но за што станува збор, никој засега не знае.
Во приказната се вклучиле и научници и локалните власти пишува „English Russia“.
Иако не се знае за какво суштество станува збор, се нагаѓа дека тоа би можело да биде некаков непознат северен роднина на делфините.