
Американската војска ги најмила компаниите „Malloy Aeronautics“ и „SURVICE Engineering“ да развијат летечки велосипед за војни цели, а доколку се биде како што треба, производството ќе започне за три до пет години.
Војската планира да ги користи овие летечки велосипеди како извидничко возило во мисиите за потрага и спасување, бидејќи се помали, посигурни и работат потивко од хеликоптер.
Возилото повеќе наликува на квадрикоптер отколку на велосипед, а ќе користи четири пропелери кои ќе го креваат во воздух.
Според информациите, ќе можат да достигнат висина до 3.000 метри, а максималната брзина ќе биде нешто повеќе од 27 километри на час. Неговиот досег ќе биде ограничен на 150 километри.
Се проценува дека летечките велосипеди ќе чинат помеѓу 50.000 и 60.000 долари.