
Лидерката на ултрадесничарскиот француски Национален фронт, Марин ле Пен синоќа изјави дека резултатот од грчкиот референдум е победа над „олихаргијата во Европската унија“.
– Европските држави треба да го искористат тоа, да седнат на преговарачка маса да објават неуспех на еврото и на ригорозните економски мерки и да организираат растурање на заедничкиот монетарен систем, што е неопходно за враќање на реалниот раст, вработеност и намалување на долговите, посочи Ле Пен, пренесува МИА.
Таа додаде дека „ЕУ се претворила во секта која се занимава со диктат, перење на мозоци и уцена“.
– Можат ли европските народи да продолжат да се помируваат со слична ситуација? референдумот во Грција покажа дека не, посочи Ле Пен.