
Косовскиот кик-боксер Валдет Гаши минатиот месец бил убиен во Сирија, каде заминал да се бори на страната на Исламската држава.
Тој на екстремистичката групација и се приклучил во јануари оваа година, а како што пренесуваат медиумите се борел за модерна калифатска држава во Сирија.
Тој бил убиен на 27 јуни, објави на Фејсбук неговиот брат.