Заев игра како што му „свири“ квартетот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев повеќе ги слуша Милчин, Фрчкоски, Ордановски и Геровски, отколку самиот себе, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека денешната прес конференција на Заев е доказ дека тој бега од договорот од 2 – ри јуни кој самиот го потпиша, а чиј поддржувач беше Европската Унија.

Договорот го потпиша Зоран Заев, но не беше прифатлив за Милчин, Фрчкоски, Ордановски и Геровски. Заев денес покажа дека повеќе ги слуша нив од тоа што се слуша самиот себе.

Четворицата „интелектуални рекетари“, однапред ги најавуваат следните потези на Заев во нивните колумни.

Тоа, соред „Курир“ е доказ плус дека за Заев да направи политички потег, претходно треба да добие зелено светло од квартетот Геровски-Ордановски-Фрчковски-Милчин. Накратко кажано, Заев игра како што му „свири“ квартетот.