Ѓорческа ќе игра полуфинале во Бурса

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на турнирот во двојки од ИТФ фјучерсот во Бурса, Турција, кој се игра за вкупен награден фонд од 50.000 долари.

Ѓорческа заедно со Турчинаката Мелис Сезар во четвртфиналето славеа против турската двојка, Бујукачај/ Озген со 2-1, по сетови, 6-7,7-5 (10-6), па сега во битката за финалето ќе се сретнат со руско-шпанската комбинација Мелникова/ Поус-Тио.