
Од 1962 година земјата под малиот град Централија во Пенсилванија без престан гори. Тогаш се запалил минираниот коп на јаглен, а огнот гори и до ден денешен.
Иако никој не е сигурен како можел да избувне пожар толку длабоко под земјата, експертите веруваат дека тој ќе трае уште 250 години, се додека не се потрошат и последните резерви на јаглен.
Досега имало неколку обиди да се изгаси подземниот пожар но безуспешно, јагленот гори константно и со еднаков интензитет.
Инаку Централија е едно од најголемитре наоѓалишта на јаглен во светот, но некогаш развиениот индустриски град почнува да наликува на град на духови поради сулфурните испарувања и пропаѓањето на земјиштето што е последица на разскопаното земјиште. Градот повеќе го нема на новите географски карти.