
Демонстранти кои гласале „не“ на референдумот во неделата синоќа се собраа пред Парламентот во Атина, извикувајќи „подалеку рацете од демократијата“, објави МИА.
Некои од собраните Грци велеа дека ја поддржуваат Владата, други бараа да се раскинат односите со кредиторите, додека други бараа масовни реформи.
За време на протестот, беа организирани и други два собири, во организација на синдикатот поврзан со Kомунистичката партија и левичарите Антарсиа.