
На автопатот Скопје-Гевгелија, кај клучка Демир Капија, утрово околу 6 часот „цитроен берлинго“ со српски регистарски таблички, управувано од М.К.(40), изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, при што на лице место од здобиените тешки повреди починала 63-годишната Миланка Б.(63).
Во незгодата со повреди се здобиле и сопругата на возачот, како и две деца на возраст од три години и од 9 месеци. Тие оделе на одмор кон Грција.
По укажаната лекарска помош во Велес тие се префрлени на лекување во Клинички центар Скопје.
Фото: Канал 5