
Икер Касиљас го напушти кралскиот клуб и премина во Порто поради претседателот Флорентино Перес, откриле родителите на еден од најдобрите голмани.
Дека збогувањето со Реал не му паѓа лесно, Икер покажа и денес на прес-конференцијата каде емоциите беа преголеми за да се задржат.
-Каде и да одам и додека дишам ќе викам „Благодарам Мадрид“, истакна Касиљас.
-Дојде и тој момент кога мора и кажам збогум на институцијата која ми даде се. Како вчера да беше кога прв пат на 9 години го облеков дресот на Реал Мадрид. Ги остварив своите сонови. За време на сите овие години се чувствував сакан и почитуван. Ова е клубот кој ме формираше како играч, човек, ми помогна да созреам. Благодарам Реал Мадрид за безусловната поддршка, за тоа што со капитенската лента го водев тимот, освојував титули. Би сакал да останам запаметен, не како добар или лош голман, туку како добар човек. Им благодарам на верните навивачи, нивната поддршка никогаш нема да можам да ја заборавам. Нема да кажам збогум, ќе се видиме ние повторно тука, наскоро, низ солзи говореше Касиљас.
Мајката на Икер, Мари Кармен изјави нека односот на нејзиниот син и Перез се влошил во 2009-та кога претседaтелот сакал во Реал Мадрид да го донесе голманот на Јувентус, Буфон.
-Тој претпре голем психолошки притисок и трениран е поинаку од останатите играчи. Го глдав како пати сите овие години. Сакаше да ја заврши кариерата во Реал, вели Кармен за Ел Мундо која смета дека Порто не е доволно добар клуб за него.
-Тоа е третолигашки клуб за играч од негов ранг. Првак во светот не може да заврши во Порто. Можеше да оди каде сака, немаше да имам ништо против да преминеше во Барселона, бидејќи тие се господа, додава мајката на Касиљас, кој го напушти Реал по 16 години и одиграни 723 натпревари.