
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно забележа рекорден ранкинг во кариерата на најновата ВТА листа што излезе денеска.
Благодарение на пласманот во 1/16 финалето на турнирот во Бурса, таа заработи пет поени и се искачи за три места, па сега се наоѓа на 351-ва позиција на листата во поединечна конкуренција. Истото се однесува и за двојки каде Ѓорческа напредуваше дури 22 места и сега е 255-та. Во однос на почетокот на сезоната, нашата најдобра тенисерка има скок од 53 позиции во сингл и 79 во двојки.
Прогрес забележа и втората Македонка на ВТА листа, Магдалена Стоилковска која се искачи за 17 места и сега е 1.211-та. Сепак, тоа не е нејзин најдобар пласман бидејќи пред крајот на април годинава беше на 1.203 позиција.