
Ирак почна воена офанзива за ослободување на провинцијата Анбар од групацијата Исламска држава.
Тоа се случува два месеци откако екстремистите го зазедоа главниот град на провинцијата, Рамади.
– Во пет часот изутрината почна воена операција за ослободување на Анбар, се наведува во соопштението на армијата.
Во воената операција учествуваат ирачките копнени сили, шиитските милиции „Хашид шааби“, специјалните единици, полицијата и локалните сунитски племенски борци.
Првата цел ќе биде заземање на градот Фалуџа, на околу 50 километри западно од Багдад.