
Холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум денеска е реизбран за претседател на Еврогрупата, соопшти Европскиот совет.
Мандатот на Дејселблум е две години. Тој управуваше со финансиите на еврозоната и во екот на грчката криза.
Дејселблум е реизбран неколку часа откако шефовите на држави и на влади на еврозоната успеаја да постигнат договор за евентуалниот трет план за помош за Атина.
Претседател на Еврогрупата изјави дека „има за цел да ја зачува Грција“ во еврозоната.