
Романскиот премиер Виктор Понта е обвинет денеска по три точки за корупција во долготрајната истрага, соопшти Обвинителството.
Тој се соочува со обвинение за проневера, затајување данок и перење пари од времето кога беше адвокат пред да стане премиер во 2012 година, соопшти романската антикорупциска агенција.
Дел од неговиот имот е запленет досега се чека на исходот од случајот.
Понта негира дека сторил нешто незаконски.