
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје утре во 19 часот, ќе биде промовирано CD од творештвото на познатиот композитор, музиколог и универзитетски професор Стојан Стојков. За делото на Стојков ќе говори проф.д-р Викторија Коларовска-Гмирја.
Во рамките на промоцијата ќе биде отворена и изложба на слики од композиторот и диригент Запро Запров. Изложбата ќе ја отвори писателот и публицист Георги Барбаровски.