
СДСМ во сиот изминат период, а и во текот на денешниот ден правеа максимални напори да пропадне договорот од 2 јуни и да нема избори во април, рече премиерот Никола Груевски на прес-конференција.
– Ова е од причина што тие се свесни дека во април ќе ги загубат изборите и се свесни дека народот не им дава поддршка, особено не на овој начин со кој се обидуваат да дојдат на власт ставајќи ги личните и партиските интереси, пред интересите на државата и пред интересите на народот и со користење на интриги и на манипулации, рече Груевски.