
Непознати лица ограбиле мигранти на излезот од селото Негорци минатата ноќ.
Од МВР информираат дека додека 23-годишниот М.А. од Ирак се движел со уште четири сириски државјани биле пресретнати од возило од кое излегле тројцата непознати лица и со закана со оружје им одзеле пари, мобилни телефони и друго по што го напуштиле местото на настанот и се стекнале со противправна имотна корист од 200.000 денари.
Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на случајот.
Инаку ова не е прв пат илегални мигранти да бидат ограбени од страна на непознати разбојници.
Во повеќе наврати досега непознати лица ограбувале мигранти од кои одземале мобилни телефони, пари, часовници и други вредни предмети.