Времетo во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, УВ индексот ќе изнесува 9. Темпeратурата ќе се движи од 30 до 40 степени.
Во Скoпје слично време со температура до 39 степени.

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде утре кога на места дневната температура ќе надмине и 40 степени.
Потоа и во наредните денови ќе продолжи многу топлото време, но ќе има локално зголемување на облачноста и температурите ќе се за два до три степени пониски.