
Целосно е изгаснат пожарот што вечерва зафати дел од Водно кај локалитетот Теферич.
Како што информира командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, опожарени се сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни површина. Причината за пожарот е најверојатно човечки фактор.
– Реагиравме веднаш по добиената дојава за пожарот. Во гаснењето беа вклучени седум противпожарни возила со 15 пожарникари, изјави Менковски.
На терен, додаде, останува да дежура екипа со едно возило.