
Педесетина жители вчеравечер беа принудени да ги напуштат своите домови поради голем пожар на хрватскиот полуостров Пелешац.
Горат два километри густа борова шума и наспроти напорите на противпожарните екипи огнот околу три часот наутро се доближи до куќите во Трстеник, кој речиси целосно беше евакуиран, пишува хрватскиот портал Индекс.хр, пренесува МИА.
Тешка е ситуацијата и во регионот на Смоквица на островот Корчула, каде избувна пожар за време на викендот. Откако пожарот беше локализиран од североисточна страна, вчера огнот повторно излезе надвор од контрола. Најкритично е во регионот на Брно, каде огнот досега зафати над 500 хектари борова шума.
Освен противпожарни екипи во гаснењето на пожарот учествуваат и специјални авиони за гаснење на пожари.