
Фотографијата направена во градски автобус во Белград крена голема паника на социјалните мрежи. Илјадници Белграѓани го осудија однесувањето на педофилот на фотографијата.
Имено, на фотографијата е уловен манијак кој допира девојчиња додека се возат со автобусот. Фотографијата се најде на Фејсбук групата Во живо од белградските трамваји и автобуси (Uživo iz beogradskih tramvaja i buseva), и секако предизвика бурни реакции.
– Може дедо да и биде. Срамота, каква стока…Срам да му е се работи за мало девојче, тоа може да е било чија ќерка или сестра…се само дел од коментарите под сликата.
Инаку, најверојатно педофилот има околу 70 години.