
Куќата на легендарниот пејач Дино Мерлин во Трстеник настрада во големите пожари кои ја зафатија Хрватска.
Огнената стихија во еден момент ја зафатила и куќата на познатиот музичар, но пожарот брзо бил локализиран од страна на 90 пожарникари.
Иако пламените јазици допреа делови од објектот и направија материјална штета, куќата во поголемиот дел е одбранета.
Инаку, според досега расположливите податоци, само на полуостровот огнот до сега проголта 400 хектари земјена површина, додека на Корчила изгореа 500 хектари.