
Млада мајка од Велика Британија го ставила своето две-годишно дете во машина за перење на алишта, а сликата ја објавила на социјалните мрежи.
Несовесната мајка детенцето, кое е болно од Даунов синдром, го фотографирала додека било заглавено во машината за перење на алишта, а за тоа одбива да се извини.
„Тој ја сака машината за перење на алишта. Ние се фотографиравме и се смеевме“, се правда таа, пренесува британски „Mirror“.
Сите соседи и пријатели се вознемирени поради оваа нејзина објава, а полицијата ја повика мајката на распит.