
Објавен е Конкурс за запишување студенти на Воената академија во Скопје. Министерството за одбрана на Република Македонија денеска го отвори Конкурсот за запишување на студенти/питомци.
ОД Министерството ги повикуваат сите млади лица кои имаат интерес да служат на Република Македонија како идни офицери во Армијата на Република Македонија да се пријават на истиот.
Истакнуваме дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати. Заинтересираните кандидати можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството, www.morm.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk, се вели во соопштението што денес Министерството го упати во јавноста.
Покрај конкурсот за запишување студенти на Воената академија, Министерството за одбрана воедно информира дека во тек е и Конкурсот за пилоти во Армијата на Република Македонија.
Како што информираат оттаму, процесот на селекција и обука ќе се врши во Центарот за обука на пилоти, кој е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки.
Центарот за пилоти поседува 2 full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Министерството.