Тешка сообраќајка кај Тетово: Има загинати и повредени лица

Во тешка сообраќајка кај Тетово, или поточно на патот Тетово- село Пирок, според неофицијалните информации две лица го загубија животот. Oд МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.

Како што пишува порталот „Курир“ според првичните, неофицијални информации автомобил изгубил контрола и се превртел на кров. Тешката сообракајка кај Тетово се случила утринава.

Во несреќата, неофицијално загинати се две лица, а две се тешко повредени. Дел од медиумите пишуваат дека загинатите се помлади лица на возраст од околку 20 години, но потврда од полицијата за оваа информација нема.

Засега од МВР за порталот потврдуваат дека тешка сообраќајка кај Тетово се случила, но велат дека детали за бројот на загинати и повредени лица ќе бидат соопштени по завршување на увидот.