
Во битолско почина малолетно девојче откако претходно паднало од скутер.
Битолската полиција рано утринава била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице.
Полиција на лице место во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17 – годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа.
Најверојатно ова малолетно девојче настрадало, откако претходно паднало од скутерот и од добиените повреди починало на лице место.