„Илинденски етно фест“, фестивал на традиционални македонски песни, ќе се одржи во општина Илинден по повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на општината „Илинден 2-ри Август“.
Oпштонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“
Во четврток со почеток во 20:00 часот, по повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“, во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, во Дељадровци ќе се одржи општонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“.
„Илинденски етно фест“ по втор пат во Општина Илинден

Во рамките на одбележувањето на празникот, ќе се одржи „Илинденски етно фест“, фестивал на традиционални македонски песни со нови аранжмани.

Посетителите на „Илинденски етно фест“ ќе може да уживаат во музиката кој ќе биде во исполнение на ѕвездите на македонската естрада: Круме Спасовски, Ани Малинкова, Алекса Димов, Јулија, Марјан Коцев, Сузана Спасовска, Мишко Талески, група Нота, група Виртус, Влатко и Златко Миладиноски, Злате Милошевски, Сашо Митковски, Вили Гајда, Марија Петковска и Дејан Теодосиевски.
„Илинденски етно фест“ по втор пат се одржува во Општина Илинден. Оваа манифестација станува традиционален дел од одбележувањето на големиот национален празник на македонскиот народ и Денот на Општината „Илинден 2-ри Август“.