
Поради слабата игра, за време на замената Мачадо беше исвиркан од фановите на Динамо, по што играчот со срамна гестикулација неколку пати ги поздрави навивачите.
Овој инцидент беше санкциониран од главниот судија кој му покажа црвен картон на Португалецот, но за среќа на Динамо, измената веќе беше извршена па домашните останаа со сите 11 фудбалери.
Динамо Загреб одигра само 1:1 против Молде во 3-то коло од квалификациите за ЛШ, а според хрватските медиуми голема е веројатноста синоќешниот натпревар да е последен за Мачадо во дресот на хрватскиот шампион.
Се очекува Мачадо да биде ригорозно казнет и од УЕФА и од Динамо.