
Кинеските власти конфискуваа илјадници шишиња со алкохол во кои се додавани супстанци за лекување на проблеми со ерекцијата, како „Вијагра“.
Во алкохол ставале вијагра два производители на алкохолни пијалаци од градот Лиужу, во реонот на Гуанси во пијалаците ставале силденафил и тадалафил, супстанци познати како „Вијагра“ и „Циалис“. Тие го продавале пијалакот афродизијак под името „Алкохол кунгфу“.
Конфискувани се над 5.300 шишиња од популарниот алкохолен пијалак, како и повеќе од еден тон хемиски супстанци.
Кинеската традиционална медицина препорачува повеќе или помалку противречни методи за лекување на проблемите со ерекцијата, за кои се смета дека дејствуваат како афродизијаци.
Во Кина се чести скандалите во прехранбената индустрија, најчесто во млекото, виното или жестокиот алкохол се додаваат адитиви.