Почина младиот битолчанец кој чекаше операција во Турција

Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ со реакција на написите за смртта на Пеце Роговски
Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ со реакција на написите за смртта на Пеце Роговски

Почина младиот битолчанец Пеце Роговски (31), кој боледуваше од малиген тумор на бутниот мускул, а беше опериран пртходно два пати.

За него се собираа пари за операција во Турција, за која беа потребни 54.000 евра.

Пеце боледуваше од малиген тумор на бутниот мускул
Пеце боледуваше од малиген тумор на бутниот мускул

Роговски се соочил со болеста пред две години, поминал низ две операции и хемотерапија, но болеста му се повратила пред два месеца, по што бил врзан за кревет.

Пеце Роговски денеска го однеле до скопскиот аеродром од каде што требало да лета до Турција, но бил вратен во битолската болница каде почина. Тој бил вратен поради направениот пропуст што не било навреме пријавено дека треба да патува во лежечка состојба.